Португалските судии Дуарте Сантос и Рикардо Фонсека ќе ја делат правдата на натпреварот меѓу Македонија и Црна Гора утревечер од 20.30 часот. ЕХФ ни ги додели искусните судии со кои не сме се соочувале пречесто на големите натпреварувања.
Вториот дуел во нашата група помеѓу Словенија и Германија ќе го водат Миндаугас Гателис и Гиада Везаика од Литванија.
Како што утрово беше познато, македонскиот судиски парк Начевски-Николов ќе суди во Пореч на дуелот меѓу Норвешка и Белорусија.