hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров им се заблагодари на „Фалангата“: Се чувствуваме како да играме дома!

26731044 1955110164754012 98016747673559444 n

Кирил Лазаров постигнуваше голови кога беше најпотребно и ја одведе Македонија до голема победа, овој пат над бронзената селекција од последното Светско првенство, Словенија. Македонија со голема победа ги стартуваше настапите на Европското првенство во Хрватска.

Во загрепска „Арена" падна Словенија, а Лазаров за хрватските медиуми им се заблагодари на „Фалангата" која синоќа од прва до последна секунда ги бодреше македонските ракометари.

„Секоја чест на нашите навивачи. Се чувствуваме како да играме во Македонија! И поради нив игравме под голем притисок. Мораме да имаме душа и да им вратиме за големата потпора", вели капитенот.

Лазаров со седум гола беше втор стрелец во нашиот табор, а нацијата верува дека така ќе продолжи и утре против Црна Гора

Share