hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Херојско победена Словенија на отворањето на Европското првенство

24802343627 b369fdfb20 b

Македонија - Словенија 25:24 (11:11)

На дебито на Европското првенство во Хрватска, Македонија на Раул Гонзалез по голема драма ја совлада Словенија со 25:24 (11:11) на дебито на групата Б на Европското првенство во Хрватска.

Натпреварот добро го отвори словенечкиот голман, Матевж Скок, кој со серија на одбрани ја лимитира Македонија на голови само од седмерци. Ако не беше Лазаров, половина полувреме ќе минеше без гол од игра. Стоилов погоди во 11. минута за да го „скрши малерот", но вистинската Македонија ја видовме дури во финишот на првиот дел.

38962278364 b8c5b67d2d b

Митревски застана меѓу стативите и целосно го промени ритамот на натпреварот. Тој со неговите шест одбрани им даде „ветер в грб" на соиграчите и Лазаров започна да ја топи словенечката предност. Со шест гола на капитенот и асистенција за Талески, на одмор Македонија ја истопи предноста на Словенија и во вториот дел се влезе со 11:11.

Улогите се сменија на почетокот од вториот дел и двапати Манасков и еднаш Миркуловски погодија за целосен пресврт и наша предност од 14:11. Кога Жарко Пешевски погоди нво 34. минута, веќе нашата предност достигна +4, а нашата серија 6-0.

24802341807 6f2e6e9d68 b

Словенеците брзо најдоа одговор и Цингесар и Хенигман намалија на 16:15. Но, Цингесар заради три исклучувања заработи црвен картон во 45. минута и ги расипа плановите на Вујовиќ. По серија на технички грешки, Благотиншек во 51. минута ја врати словенечката предност и го принуди Раул на тајм-аут (20:21). Манасков го одржуваше нашиот тим во игра до последните мигови од дуелот. Филип Лазаров го врати македонското водство на неполни четири минути до крајот (25:24). Борко Ристовски беше ангел чувар во финишот и Македонија со многу храброст го доби дуелот со Словенија со 25:24.

Најефикасен поединец во македонскиот табор беше Дејан Манасков со девет гола, а одлично го следеше Кирил Лазаров со осум. Кај Словенците се истакна Млакар со четири гола, а Благотинчек запиша три. Скок на словенечкиот гол собра 13 одбрани, а Митревски возврати со девет.

Share