Клубот „Роко“ во Загреб е македонската фан-зона на ЕП
Утре во Загреб ќе биде отворена македонска фан-зоната, која традиционално ги собира сите македонски навивачи кои дојдоа да го бодрат националниот тим.
Утре од 15.00 часот во клубот „Роко" на Јарунска 5 во Загреб, ќе биде отворен просторот за дружење на македонските фанови. Се предвидуваат најмалку 2.000 македонски навивачи за дуелот со Словенија, која исто така ќе има голема поддршка од трибините.
Фан-зоната ќе биде отворена на денот на натпреварите во групата во Загреб, навивачите ќе можат да се дружат, да ја подгреваат атмосферата, да наздрават со пиво и да ги пеат македонски навивачки песни. Предвидена е македонска музика во живо во клубот за време на секојдневната забава.