
Делегирани се судиите за натпреварите од првото коло на Европското првенство во Хрватска, на мечот помеѓу Македонија и Словенија правдата ќе ја делат Романци.
Романските судии Константин Дин и Сорин Лаурентиу Дину се делегирани за воведниот меч на Македонија на Европското првенство кој на 13 јануари го играме против Словенија.
Македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе го судат натпреварот од групата А помеѓу селекциите на Шведска и Исланд.