hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Ракометарите првпат тренираа во Загреб воочи дебито со Словенија

mkdtrening1

Македонската ракометна репрезентација го одржа првиот тренинг во Загреб во пресрет на почетокот на Европското првенство. Ракометната експедиција на Македонија од денеска е во Загреб, избраниците на Раул Гонзалез ја почнаа адаптацијата пред првиот натпревар на Европското првенство.

Ракометарите денес тренираа во „Домот на спортови", а утре ќе одржат тренинг во Загрепската Арена каде ќе се играат натпреварите од нашата група.

Македонија првиот меч го игра во сабота на 13 јануари против Словенија со почеток од 19.30, вториот натпревар го играме со Црна Гора на 15 јануари, а два дена подоцна ја завршуваме групната фаза со дуелот против Германија.

Share