hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Одличната Македонија ја освои Бањица и со две победи заминува за Загреб

лазаров со норвешка

Србија – Македонија 29:32 (13:14)

Со победа во Белград против Србија со 29:32, македонската ракометна репрезентација со две победи во пријателските натпревари патува на Европското првенство во Хрватска. Вторпат во историјата ја совладавме Србија на гостински терен.

Натпреварот започна одлично за двајцата голмани Цупара и Митревски. Во првите пет минути подобро организираа напад Србите и поведоа со 3:1. Но, брзо реагираа Миркуловски и Георгиевски и на половина од првиот дел Македонија поведе (6:7).

Од тој момент Македонија одлично комбинираше во напад, правилно ја напаѓаше противничката висока зона, а и Митревски собра седум одбрани до полувреме. Така, момците на Раул на полувреме заминаа со минимална предност (13:14).

Србите подобро почнаа и на почетокот од вториот дел и со ракометар повеќе постигнаа два гола и го вратија водството (17:16). Лазаров и Стоилов ја вратија предноста и дури имавме напад за +3, но брзоплетоста ги врати домаќините во натпреварот.

Борко Ристовски добро го бранеше нашиот гол, а збрката со технички грешки на двете страни, подобри ја искористија момците на Раул и капитенот Лазаров погоди за 20:23 во 47 минута. Цветковиќ ја смени одбраната и се обиде да се врати во натпреварот. Следеше перфектен финиш и победа од 29:32 за Лазаров и другарите.

Во македонската селекција Гоце Георгиевски беше најефикасен со осум гола, а капитенот Лазаров постигна четири. Марко Вујин со седум гола беше единствена светла точка кај српскиот тим.

Share