evroins

logo-kmg

hummel Logo 160 

signiori

LIVESCORE.in
OFF

Европа има нов господар - семоќната Франција на Онеста

francija

Данска - Франција 32:41 (16:23)

Во историско финале на 73 гола „галските петли" одиграа ретко виден натпревар, погодуваа од секоја можна позиција и ја вратија европската круна таму каде што најчесто беше во последните една деценија. Домаќинот, пак, играше во грч, прикажувајќи ја најлошата партија на шампионатот во кој до мечот за златото имаше седум победи во исто толку меча. На Данците не им помогна ниту поддршката од преку 14.000 навивачи во преполната „Јуске Банк Боксен" арената во Хернинг, ниту навивањето на кралското семејство, кое се најде на трибините.

Омејер на голот ја започна симултанката, нападот го „откажа„ Ландин кој не одбрани ништо цели 20 минути. Нарцис, Абало и Порт се разиграа и при 2:8, Вилбек побара тајм-аут. Ги менуваше интерпретаторите на играта, но епилогот остана ист. Триколорите за кои данците велеа дека се стари и спори го најавија „букварот по ракомет„ со 16:23 на полувреме. Секој обид на тандемот кој единствено парираше Хансен и Линберг, добиваше против удар од најперфектната машина на Онеста. Се до крајот беше чиста рутина како се приведува еден меч кон крај (32:41). Најефикасен кај Франција со десет погодока беше Гигу, додека Порте заврши со девет погодоци. Абало дополни со седум а Нарцис заврши со шест погодоци. Кај Данците Хансен постигна девет, а Линдберг шест голови.