hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Бронзата патува за Шпанија

joan kanellas

Шпанија - Хрватска 29:28 (16:13)

Светскиот првак Шпанија го освои бронзениот медал на европското првенство во Данска откако во битката за третото место славеше против Хрватска со 29:28 (16:13). Шпанците водеа во текот на целиот меч и го диктираа ритамот, обезбедувајќи предност уште во првите минути.

Со еден до три гола предност за Шпанија се одвиваше целата средба. Хрватска дојде до еден гол негатива во последните три минути, но противникот на 40 секунди пред финишот дојде до предност од +2, за да „коцкестите" успеат единствено да ублажат за конечни 29:28. Најефикасни во победничкиот тим беа Канелас со осум односно Агинагалде со седум погодоци, додека кај Хрватите Дувњак постигна осум а Бунтиќ пет погодоци. Ова е реванш на шпанците за поразот во малото финале во Србија 2012 година.

Share