hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Каква среќа ни носи ждрепката во Хернинг

qatar logo

Денес нешто после 13 часот ќе биде извршена ждрепката за баражот за пласманот на светското првенство во Катар во јануари 2015 година. Според пласманот на Европскиот шампионат во Данска, нашата селекција се наоѓа меѓу носителите каде се наоѓаат уште репрезентациите на Австрија, Белорусија, Унгарија, Исланд, Македонија, Полска, Русија, Шведска и Србија. Во вториот квалитативен сад се националните тимови кои не го минаа првиот круг во Данска: Норвешка, Чешка и Црна Гора.

А во третиот се селекциите кои беа најдобри во квалификациите: Германија, Босна и Херцеговина, Грција, Литванија, Романија и Словенија. Репрезентациите од вториот и третиот сад се нашите потенцијални противници во баражот за настап на Мундијалот во Катар. На Светското првенство, Стариот континент ќе го претставуваат 13 репрезентации од кои четири веќе се познати и тоа Шпанија, како бранител на трофејот и полуфиналистите на Европскиот шампионат, Данска, Хрватска и Франција. Првите бараж мечеви ќе се играат на 7/8 јуни, а реваншите на програмата се на 15/16 јуни оваа година.

Share