evroins

logo-kmg

hummel Logo 160 

signiori

LIVESCORE.in
OFF

Абало ја одведе Франција во финалето

luc abalio 2

Франција - Шпанија 30:27 (12:14)

Франција пак е во едно финале на големо натпреварување, по олимпиското злато во Сиднеј 2012 година. Во меч со многу пресврти, Лук Абало беше клучен човек во одлучувачката фаза на мечот против Шпанија, во чии што редови блескаше Канељас. Триколорите подобро го отворија мечот и по нешто преку 10 минути водеа со 7:2 со „челична„ одбрана и со два гола на Валентин Порте и успешно реализирани седмерци на Гигу и Жоли.

При 11:6 кога Канељас влезе во игра место Раул Ентрериос, фуријата започна да го фаќа приклучокот. Ракометарот на Хамбург и Витор Томас се доближија на 11:9. Во последните 6-7 минути во играта со човек повеќе, момците на Маноло Каденас со по два гола на Канељас и Угалде, на одмор заминаа со предност од +2, иако цели 20 минути го бркаа француското водство. Кога Раул Ентрериос погоди на почетокот на вториот дел, за прв пат Шпанија поведе со три гола предност (12:15). Нарцис со два гола и Седрик Сорондо фатија приклучок за 16:16. Франзуците влегоа во проблеми и во мечот во кој имаше шест израмнувања во вториот дел, Лука Карабатиќ заради три исклучувања мораше надвор, а неговиот брат Никола два пати беше исклучен. Тогаш Онеста се потпре на левораките Порте и Абало и на нивните инвидуалности. Лук Абало со два слалома донесе 26:24, до тајм-аутот на Каденас.

Со само еден расположен ракометар (Јоан Канељас), Шпанија немаше сили за нов пресврт како во првиот дел. Победата на Франција е плод на подобрите голмани и лесните голови на Абало и Порте. Во победничката репрезентација Абало постигна 8 гола, а по 5 постигнаа Нарцис и Гигу. Голманите Думулин и Омејер заедно имаа 16 интервенции. На спротивната страна голманите имаа само интервенции, а Канељас со 10 гола беше движечка сила на светскиот првак. Франција в недела ќе игра во големото финале, а Шпанија ќе ја брка бронзата.