hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Mакедонија првенството го заврши на десеттото место

mak-aut-15

Денешниот расплет во групите во Хернинг и Архус ни го дава пласманот на десеттото место како дефинитивен во класификацијата за ова европско првенство. Поразот од Шпанија и напоредната победа на Русија над Белорусија од 39:33 во Архус, заради подобрата гол разлика ја носи Русија на Олег Кулешов на деветтото, а ние паѓаме на десеттото место.

Зад нас се репрезентациите на Белорусија, Австрија, Србија, Норвешка, Чешка и Црна Гора од репрезентациите кои учествуваа на ова европско првенство. Ова е втор наш најдобар пласман на европските првенства по петтото место во Ниш. Случајно или не во прогнозата на „Balkan-handball„ пред турнирот, овој специјализиран портал за ракомет, предвидуваше наше 10 место во Данска.

Сите наши пласмани на големите приредби:

ЕП Италија 1998 година - 12 место
СП Египет 1999 година - 18 место
СП Хрватска 2009 година - 11 место
ЕП Србија 2012 - 5 место
СП Шпанија 2013 - 14 место
ЕП Данска - 10 место

Share