hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров за „Balkan-handball„: „Молчиме заради мир во куќата„

mkd-isl-3

Во краткиот разговор за специјализираниот ракометен портал „Balkan-handball„ капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров, говори за состојбата во репрезентацијата, турнирот до овој момент, натурализацијата на играчи:

„Исланд го имавме в рака, но не трениравме, ниту бевме спремни за последните одлучувачки минути од мечот. Мора да се тренира да бидете спремни и сигурни во тие моменти. Бев разочаран по поразот. Не чека нов ден. Одиме понатаму...До сега имаме три порази, едно реми и една победа на „туркање„ Примарната цел е остварена, но далеку е од нашите очекувања, иако сите се правиме задоволни заради „мир во куќата„ Тоа не ми се допаѓа. Тоа во иднина многу ќе не чини. Лошите работи за сега мајсторски ги прикриваме. Натурализацијата? Без натурализацијата дојдовме до вториот круг, играјќи со срце. Во вториот круг, уште ништо не сме направиле. Играчите не се согласуваат со тоа, но системот е таков да мора да се молчи и да шепоти во себе. Не сме на правиот пат. Дај боже да не сум во право...

За наредниот противник и генерално за очекувањата во последните денови од првенството, Лазаров вели: „Шпанија не игра квалитетно како минатата година. Можеме да играме со нив. Ќе дадеме се од себе за турнирот да го завршиме со стил. Не сум импресиониран со данците. Нив само Ландин може да ги спаси. Мислам дека французите ќе ги добијат во сред Хернинг, ако претходно не ги исфрлат хрватите или полските ракометари„ заврши Лазаров.

Share