hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Георгиевски: „Паднавме на физички план пред исланѓаните„

mkd-isl-2

Со поразот на македонската репрезентација од Исланд и теоретски нашиот национален тим не може да биде подобро пласирана од деветтото место. Со шест гола Гоце Георгиевски одигра одличен меч со Исланд и покажа дека турнирот на крилата и не е така лош. Тој жали што и покрај добриот настап изостанаа бодовите кои единствено се бројат:

„Одигравме добар меч. На крајот паднавме на физички план, што беше искористено од противникот, кој потоа заслужено дојде до победата. Одигравме далеку подобро отколку со Унгарија и вистинска е штета што не дојдовме до бод или два. Сега треба добро да одмориме, па да ги насочиме погледите кон мечот со Шпанија. Тоа треба да биде вистински празник за сите нас бидејќи ќе ги одмериме сили со актуелниот светски првак. Нема што да загубиме, треба да одиграме најдобро што знаеме, па да видиме што ќе излезе од сето тоа" вели најдобриот македонски играч против Исланд, Гоце Георгиевски.

Share