hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Пецаковски со болка во коленото

pecakoski20

Дали европското првенство за Дејан Пецаковски е завршено? Битолчанецот при еден пад во првото полувреме од мечот со Исланд, почувствува неприродно движење на коленото и подоцна не влезе во игра. Првите неколку впечатоци се дека не е ништо сериозно, но прашање е како коленото кое неколку пати е повредувано ќе реагира на евентуален нов напор.

Утре во 18:30 е последниот тренинг пред мечот со Шпанија во среда од 16 часот и тогаш ќе се знае нешто повеќе околу настапот на Пецаковски. Доколку не може да игра, тогаш Ангеловски и Прибак многу веројатно ќе бидат единствените опции за левата бековска позиција. До овој момент Пецаковски одигра солиден турнир, а на мечот со Унгарија беше наш најпозитивен ракометар и му припадна наградата за играч на натпреварот. Доколку повредата не му го расипе расположението, ова дефинитивно ќе биде позитивна страница од кариерата на ракометарот на Металург.

Share