hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Манасков: „Физички не бевме како исланѓаните„

danska-makedonija-14

Автор на пет гола, младото македонско крило Дејан Манасков, посебно во второто полувреме кога ги реализираше сите седмерци, ја оправда својата партија и заработи висока оценка. Но поразот не може целосно да го задоволи и самиот ракометар на Металург знае дека како турнирот одминува така нашата репрезентација ќе биде поуморна и потешко ќе игра:

„До 15 минута игравме одлично, потоа беа направени некои чудни замени, со кои нашата игра падна. Не можам да кажам дека потфрливме, но искусна репрезентација како Исланд знаеше да ги казни сите наши грешки. Точно е дека имавме полусезона исполнета со повреди и без настапи во континуитет и како турнирот одминува, тоа се чувствува. За нешто повеќе на еден ваков турнир потребна е подолга клупа и здрави ракометари„ вели Дејан Манасков. Тој беше трет наш стрелец на овој меч по Георгиевски и Кирил Лазаров и веројатно го одигра својот најпозитивен натпревар во Данска. Преостанува уште Шпанија и веројатно можноста да се остави што е можно подобар впечаток од оној во септември во квалификациите за овој собир.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share