hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Данска без грешка во полуфиналето

melgard

Данска - Унгарија 28:24 (14:11)

Актуелниот европски првак подобро го почна мечот и поведе со 4:1 со одлична игра на Каспер Сондергард. Унгарците реагираа и Барна Путич и Габор Часар го принудија данскиот селектор Улрил Вилбек на тајм-аут при 6:6 во 14 минута. Пак Никлас Ландин беше клучниот фактор што домашната репрезентација го фати посакуваниот ритам. Хансен и Могенсен погодија во половина минута, а ударот на Часар од седум метри данскиот голман и голманот на Рајан Ловен Некер го одбрани.

Од тука израмнетиот натпревар тргна „на млинот„ на црвените, па до полувреме данците побегнаа на 14:11 со дури девет различни стрелци. Чиста рутина беше како европскиот првак го одигра второто полувреме и го „визира„ пасошот за полуфиналето. Ландин одбрани три топки, Мелгард и Хансен ја подигнаа предноста на +5. Подоцна унгарците преку Зубаи и Анчин се доближија до 24:20.

Но данската машина ниту калкулираше, ниту размисливаше за тоа. Каспер Моргенсен и Могенсен ја запечатија судбината на момците на Мочаи, а левото крило Моргенсен со гол со звукот на сирената ги постави финалните 28:24. Во победничката репрезентација најефикасни беа Могенген со 5, Мортенсен и Егерт постигнаа по 3 гола, но едноставно целиот колектив на Вилбек одигра перфектен меч. Кај Унгарија Иванчик постигна 6, а Анчин 4 гола. Пред крајот на мечот веројатно од посериозна природа се повреди унгарецот Габор Анчин. Со оваа петта победа во петтиот меч, Данска го осигура полуфиналето и тоа од стартната позиција број 1 во првата четвртфинална група.

Share