hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

„Рибарите„ пак не фатија во нивната мрежа

 

danska-makedonija-22

Европско првенство - 1 четвртфинална група (2 коло)

Македонија - Исланд 27:29 (11:14)

И покрај повредите на Лазаров, В. Маркоски и Ојслески, нашиот тим во комплетен состав го дочека мечот со стариот познаник и должник, Исланд. По 80 секунди игра, Кирил Лазаров го пронајде Дејан Манасков, кој како втор пивотмен го отвори резултатот. Капитенот од првиот обид ефектно ја погоди мрежата на Густафсон аз 2:0. Нашиот добар почеток го потврди изнудениот седмерец од Стоилов и голот на Лазаров за 3:0 во 6 минута. Наубавата акција ја изведоа Лазаров и Георгиевски, кои му „сервираа„ цепелин на исланѓаните.

При 4:0 Арон Кристјансон побара тајм-аут во 7 минута од мечот. Халгримсон со шут со левата рака го постигна првиот гол за Исланд по скоро осум минути (4:1). Филип Миркуловски најнапред погоди за 5:2 во 10 минута, па заработи исклучување во наредниот напад. Третиот гол на Лазаров во моменти со човек помалку ни носи 6:3 во 13 минута. Дури и Немања Прибак имаше два зицери, но Густафсон го прочита. На голот на Халгримсон, возврати Лазаров со четвртиот гол за 7:4 во 18 минута. Но од изолирани удари и инвидуалности „рибарите„ се доближија, па и го стигнаа нашето водство. Олафсон и Халгримсон со шутеви од дистанца, израмнуваат на 7:7 до тајм-аутот на Обрван во 20 минута. Во 21 минута најдобриот с трелец на Исланд, Гудјон Валург Сигурдсон за прв пат го доведува нашиот противник во водство (7:8). Убава комбинаторна ација на целиот тим, му носи зицер на Ојлески и нов егал (8:8). Но исланѓаните влегоа во ритам и со головите на Олофсон од крилна позиција и Сигурдсон од седум метри поведуваат со 8:10. Стоилов направи две пробивања, а неговиот колега Роберт Гунарсон од линијата погодува за +3 за Исланд. Златко Мојсоски од одпадок ја прекинува серијата на „рибарите„ за 9:11, но веднаш на идентичен начин возвраќа Р. Гунарсон (9:12). Со петтиот гол Кирил Лазаров не спушта на -2 во 28 минута од првиот дел. Ангеловски го изнуди второто исклучување на Бјарки Мар Гунарсон, па го постигна својот прв гол за 11:13. Но со звукот на сирената Борко Ристовски го одбрани шутот на Палмарсон, а топката среќно се одби до Снори Гудјонсон кој погоди за 11:14 на полувреме.

danska-makedonija-11

По неполни 20 секунди во вториот дел, Лазаров додаде за Георгиевски кој намали на 12:14. Стоилов од линијата и Миркуловски не враќаат во израмнета позиција на семафорот (14:14). Гудмунсон по скоро четири минути го постигна првиот гол за Исланд во вториот дел (14:15). Но Бранко Ангеловски со убав гол, 15 за нашиот тим, донесе четврто израмнување во мечот. Наместо наше водство, на Георгиевски му испадна топката при зицер, а Снори Гудјсонсон го лобува излезениот Ристовски. И со човек помалку исланѓаните ни дадоа два гола преку Сваварсон и Јонсон, пред Лазаров да намали на 17:18. Во 40 минута со голот од седум метри на Дејан Манасков, Македонија по петти пат се израмни со противникот (18:18). Но момците на Кристјансон ја консолидираа одбраната и со два лесни гола на Гудмунсон и Валур Сигурдсон пак се одлепија на +2. Исландскиот селектор го стави Сигурдсон стриктно на Лазаров, а Дејан Манасков со два гола од седум метри не доближи на 20:21 во 44 минута.

Активниот напад на исланѓаните брзо го искористи исклучувањето на Велко Маркоски и Халгримсон со петтиот гол ја држи дистанцата од два гола (21:23). И во 49 минута по нова наша техничка грешка, Густафсон фрли контра, а Сигурдсон со четвртиот гол зголеми на 21:24. Полека нашата игра во двата правци ја загуби физиономијата и Гудмунсон со третиот гол на Исланд му носи највисоки +4. Гоце Георгиевски со четвртиот гол, овој пат со убав лоб, намали на 22:25. Манасков од седум метри кои ги изнуди Миркуловски и Гоце Георгиевски по блокот на Јоноски, пак го доближуваат нашиот тим до 24:26 во 54 минута. Филип Миркуловски на четири и пол минути со гол по брза транзиција, намалува на 26:27. Кога ни се отвори надеж, Стоилов беше исклучен, а Халгримсон врати на најчестите +2 за „рибарите„ На две минути до крајот Сигурдсон од седмерец ја погоди пречката, а Обрван побара тајм-аут, откако нашиот тим се комплетираше по враќањето на кружниот напаѓач. На ефектен начин Лазаров на 50 секунди до крајот намали на 27:28, а Кристјансон побара тајм-аут на 31 секунда пред крајот.

Сепак Гунар Јонсон на 16 секунди до крајот го постигна победоносниот гол за нашиот противник (27:29). Исланд за „копје„ подобар ривал, во меч кој долго време беше израмнет и во кој решаваа нијанси. Во исландската репрезентација Густафсон собра 12 одбрани, Сигурдсон автор на 6, како и Халгримсон. Но целиот тим на Арон Кристијансон играше колективно и дисциплинирано. Кај Македонија Кирил Лазаров погоди 7 пати, Манасков и Георгиевски по 5, а Борко Ристовски имаше 11 интервенции. Со овој резултат на Македонија му преостанува уште мечот со Шпанија во среда, а третото соочување со светскиот првак за шест месеци, треба да биде бонус за момците на Обрван.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share