hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Георгиевски: „Побрзи се, но и играат послаба одбрана од Унгарија„

mkd-ceska-6

Гоце Георгиевски е еден од нашите ракометари кои најмногу останаа импресионирани од силата на Исланд на мечот со Австрија. Во живо во арената во Хернинг останаа нашите ракометари за на лице место да се уверат во квалитетите на скандинавците, а потврдата за нивната сила стигна и вчера на следењето на видео материјалите кои му претходеа на вечерниот тренинг

„Свесни сме за негативната традиција против Исланд, но тоа е само мотив повеќе да дадеме се од себе за да забележиме победа над овој ривал. Темпото на натпреварувањето е пеколно, секој втор ден играме нов меч, па затоа нема време ниту да се радуваме на победите, ниту пак да тагуваме по поразите. Мечот со Унгарија е зад нас и сега се фокусираме единствено на пресметката со Исланѓаните, кои играат одлично на овој шампионат. Очекувам во нападот да бидеме доста подобри бидејќи Исланд реално игра доста послаба одбрана од Унгарија. Сепак, од друга страна тие се многу побрзи и можат да ни создадат огромни проблеми со својата игра во транзиција. Немилосрдно ги казнуваат сите грешки на противниците, буквално сите играчи трчаат во контра и полуконтра, тоа е нешто на што ќе мораме да внимаваме" изјави крилото на Металург Гоце Георгиевски, кој настапува на своето прво европско првенство.

Share