
Двајца ракометари на Барселона се на врвот на листата на стрелците по четири одиграни мечеви на европското првенство во ракомет. Македонскиот голгетер Кирил Лазаров со 31 гол од 62 удари е на првото место на листата на стрелците, впрочем од почетокот на турнирот. Веднаш зад него и покрај тоа што загуби, како и Лазаров, во првото коло од четвртфиналната група е Сергеј Рутенка од Белорусија со 30 гола од 49 удари.
Листа на стрелци:
1. Кирил Лазаров (Македонија) 31
2. Сергеј Рутенка (Белорусија) 30
3. Гудјон Валур Сигурдсон (Исланд) 28
4. Никола Карабатиќ (Франција) 24
5. Микел Хансен (Данска) 23
6. Филип Јиха (Чешка) 23
7. Виктор Томас (Шпанија) 22