hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Пецаковски: „Мора многу да трчаме против исланѓаните„

pecak

Исланд е главната точка на дневниот ред веќе втор ден во нашиот табор. Нема дилеми дека ќе биде проучен и најмалиот детал од оваа репрзентација, но прашање е колку и како момците на Обрван тоа ќе може да го спроведат на теренот. Дејан Пецаковски е опасност од втор план за Густафсон и одбраната, а неговата самодоверба расте по последниот негов инвидуален настап против Унгарија

 „Исланд е одлична репрезентација. Знаеме дека нивно главно оружје им е брза игра, полуконтранапад и контранапад и ние ќе мора многу да трчаме, брзо да ја составиме нашата одбрана и потоа се ќе биде во ред. Тоа што ја совладаа Австрија не мора да е некое мерило, но мислам дека се многу квалитетна репрезентација. Сепак веруваме во нашите квалитети„ рече во пресрет на овој меч Дејан Пецаковски, кој на овој турнир ги игра првите четири мечеви на големите натпреварувања. Од помошта во нападот на останатите наши стрелци до Лазаров во многу нешта ќе зависи нашата офанзива на утрешниот натпревар.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share