hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Исланѓаните ја изнафалија нашата репрезентација

mkd-hun-4

Во мир и задоволство поради победата над Австрија и начинот на кој се стигна до неа, исланѓаните одработија тренинг во вечерниот термин во помалата арената во Хернинг и ги наполнија со комплименти нашите ракометари. Дипломатските одговори се поклопуваа, а малкумина говореа нешто поконкретно за утрешната средба и карактеристиките на нивниот нареден противник. Достапни исланѓаните разговараа со сите нашите новинари, а Густафсон и Гунарсон го поделија своите мислења со македонските читатели на ЕКИПА:

 „Ќе биде многу многу тежок натпревар. Кирил Лазаров и голманот имаат многу добар турнир досега и очекувам многу проблеми од нив. Ние сега ја совладавме Австрија, треба да се средиме, да ги смириме чувствата и да почнеме да размислуваме за мечот со Македонија. Не треба да мислиме дека дуелот е однапред е добиен, бидејќи Македонците знаат да бидат многу опасни сигурно ќе не казнат доколку не влеземе 100% во овој меч" изјави за ЕКИПА Густафсон „Заедно со соиграчите гледаме натпревар на Македонија од овој шампионат. Можам да кажам дека Македонија игра цврсто, агресивно и фајтерски. И ние играме така, па очекувам вистински фајтерски натпревар во понеделник" додаде пивотменот Гунарсон. Утрешниот 12 меѓусебен официјален меч на Исланд и Македонија се игра пак во 16 часот во „Јуске Банк Боксен„ арената.

Share