hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Шведска мораше по потешкиот пат

svedska - rusija

Русија - Шведска 27:29 (13:20)

Во еден од најлошите дефанзивни натпревари на ракометарите на Русија, швеѓаните максимално ја искористија нивната млада и бавна игра и со постојани менувања на местата до врв ја наполнија мрежата на „зборнаја„ Заменикот на Ким Андерсон, Јохан Јакобсон одигра одлично прво полувреме и постигна 6 гола. После 9:6 во 14 минута, момците на Штафан Олсон и Ола Линдгрен „нагазија„ и со црвста одбрана командувана од Тобијас Карлсон, постигнуваа лесни голови.

Петерсон и Екдал Ду Риц со два гола во половина минута во 18 минута, предноста ја донесоа до +6 за скандинавците. Во рускиот табор, само Игропуло реагираше и со два гола во негов стил, низ противничката одбрана, намали на 17:12. Но пак швеѓаните имаа нова серија. Лархолм само што влезе во игра погоди, па Јонас Калман реализира контра и со звукот на сирената подготви зицер за Петерсон за 7 разлика на половина од мечот. Но ниту еден меч не е готов додека не се огласи сирената. Рускиот селектор Кулешов направи неколку витални замени.

Ветеранот Левшин го стави на голот, место Атман играта ја организираше Житников и Русија полека ја топеше предноста на Шведска. Со серија 10:3, со Житников и пред се непогрешливиот Игрополу како протагонисти, руските момци израмнија во 53 минута, а кога Шелменко погоди минута подоцна, Русија поведе со 25:24. Но во самиот финиш се разбуди Екдал Ду Риц, на голот застана Матијас Андерсон и одбрани две топки и жолто-сините имаа напад за водство. Јакобсон погоди за 28:27, а Петерсон од седум метри на една минута до крајот ги разреши дилемите. Финални 29:27 за тимот на Олсон и Линдгрен и Шведска и натаму останува во игра за полуфиналето. Во победничкиот тим најефикасен беше Јакобсен со 7 гола, а по 4 постигнаа Ду Риц и Петерсен. Не помогнаа 11 гола на Константин Игрополу, а изненадувањето Житников погоди 5 пати. Русија со овој пораз ги загуби и теоретските надежи за полуфинале и ќе биде рангирана меѓу 7 и 12 место.

Share