hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Снори Гудјонсен: „Одбраните ќе бидат клучни против Македонија„

Snorri Gudjonsson

Претпладнево пред исланѓаните да го „скенираат„ нашиот тим преку видео материјал, разговаравме со Снори Гудјонсен за разликата меѓу оваа Македонија и онаа со која се соочуваа на последните големи натпреварувања, конкретно во Севиља минатата година, кога скандинавците беа поуспешни со водство од првата до последната минута. Универзалниот ракометар верува дека како и скоро секогаш, одбраните ќе бидат клучни за конечниот исход на оваа средба:

„Без разлика што Македонија е без неколку битни ракометари, тие ја имаат истата физиономија на игра. Го имаат Лазаров, кој е меѓу најдобрите стрелци во светот и од него доаѓа најголемата опасност. Сепак како и на секој меч на нашата репрезентација со Македонија, одбраната е клучна. Минатата година на светското првенство одигравме подобра одбрана и затоа победивме„ се потсеќа на успехот од Севиља, Снори Гудјонсен. Попладнево исланѓаните имаа видео сесија од нашите мечеви и нема дилеми дека до најмал детал, селекторот Кристијсен ќе им ја доближи нашата игра на неговите репрезентативци.

Share