hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Јуркиевич ја „извади Полска од мртвите„

jurkievic 3

Полска - Белорусија 31:30 (14:13)

Првиот меч во денешната програма во Архус, беше соочувањето на Полска и Белорусија. Домаќинот на наредното европско првенство, подобро го отвори мечот, но Сергеј Рутенка возврати и при 4:4, Биглер побара тајм-аут. Централната фаза на првиот дел им припадна на белорусите, во чиј што табор одбраната подобро функционираше и Бабичев и Камишик донесоа 6:8 во 18 минута.

Но Мариуш Јуркиевич како да е додадена вредност во оваа полска репрезентација и со четири гола во втората половина на полувремето, го сврте резултатот во полза на Полска за тајм-аут на Ушак при 10:8 во 24 минута. Тогаш Рутенка, кој само што се врати од исклучувањето, превзеде одговорност и постигна два гола, па на полувреме Полска на Лијевски и Јуркиевич не побегна премногу (14:13). Но на почетокот од вториот дел 5-1 одбраната на Белорусија со Иван Брука кој играше стриктно на Бартоломеј Јашка даде резултати. Сергеј Рутенка постигнуваше лесно голови, му се придружија Никуленкау и Кулишик и Белорусија со серија 6:3 за само 9 минути го сврте резултатот (17:19). Само Јуркиевич и Лијевски со инвидуални мајстории го поправаа лошото издание на Шмал и на одбраната. Но кога го затворија Сергеј, неговиот помлад брат Џианис Рутенка годи три пати од крило или од контра и изненадувачки во 54 минута, Белорусија има добитна комбинација (25:29).

Но тогаш белорускиот тим се опушти и со ризична игра во одбраната, полјаците се вратија во мечот. Лијевски ги искористи сите пробивања на белорусите и со два брзи гола го израмни резултатот. Никуленкау направи пробивање на 15 секунди до крајот и му понуди опција на Полска да игра на победа. Со оглед на тоа што и Бабичев беше исклучен, а Биглер го повлече голманот и со двајца играчи повеќе, Полска го организираше последниот напад. Така Јуркиевич со удар низ зоната го постигна осмиот свој гол, победоносен за неговата Полска. Покрај осумте гола на Јуркиевич, за победничката репрезентација Кучински постигна 6, а Лијевски 5 гола. Кај Белорусија како и секогаш најефикасен Сергеј Рутенка со 9 гола, по 4 постигнаа Бабичев, Никуленкау, Џанис Рутенка и Шиловиќ. Полска сега има 4 бода и го сонува полуфиналето, а Белорусија претрпе тежок удар и во изгледот на табелата и уште потежок ментален шок.

Share