hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ФОТО: Не му е на секого забавно во Хернинг

pianica

Изгледа неверојатно, но и тоа се случува, се гледа, се доживува. Начинот на кој данците го интерпретираат овој спорт остава без здив. Изгледот на „Јуске Банк Боксен арената„ кога игра домашната репрезентација е фантастичен. Црвената боја и навивањето на домашната публика е навистина фантастично.

Големото ниво на спортска култура, забавата и придружните манифестации пред и по мечот исто така се искалкулирани во спектаклот. Да не говорам за редиците автомобили во малиот Хернинг и гужвата која се создава по мечевите. Сепак не му е на секого забавно. Дури има и некој како овој гледач кој може да го преспие и да не го доживее мечот. И тоа не било кој меч, туку против светскиот првак Шпанија. Во тој момент веројатно мечот не му бил приоритет. Но таков синоќа беше само еден навивач. Сите останати поминаа одлична саботна вечер со дански хепи-енд.

Share