ФОТО: Ким Андерсон кога не може да игра, може да коментира
Дури до април леворакиот Ким Андерсон нема да настапи на ракометните терени, заради повреда која му претходеше на европското првенство. Но затоа каризматичниот шведски ракометар по примерот на дел од своите колеги, на ова првенство е во улогата на стручен коментатор за шведската телевизија и по Копенхаген, од вчера се пресели во Хернинг и Архус, каде ќе ги коментира мечевите од двете завршни групи.
Тој го следи чекорот на неговиот клубски другар од Колдинг Копенхаген, Јоаким Болдсен, а во оваа проблематика од поодамна е Грегори Анкетил. Шпанскиот стручен коментатор остана во мадриското студио, а тоа е бившиот соиграч на Лазаров и негов голем пријател, Хозе Хавиер Омбрадос. Случајно коментаторското место на Ким Андерсон беше до македонското на Марјан Ников од ТВ Сител, а швеѓанецот беше најфотографиран и често замолен за автограми од многубројното гледалиште.