hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ФОТО: Кристијансен ја симпатизира Македонија

den

„Вечниот„ Ларс Кристијансен е еден од најдобрите ракометари на сите времиња и веќе неколку години е стручен консултант на данската национална телевизија. Неговото присуство меѓу гледачите и новинари, веднаш ги разбранува страстите. Сите сакаат да го поздрават, да се фотографираат,а ние го сликавме со македонскиот шал и тоа пред почетокот на мечот со Македонија.

Тој ни потврди дека нашата репрезентација секогаш му била симпатична и дека често ја подржува, се разбира, кога не игра неговата Данска за која сеуште е рекордер по бројот на одиграни мечеви и постигнати голови. Тој ни потврди дека арената во Хернинг е фантастична и дека пред два месеци хемијата ја почувствувал на концертот на Брус Спрингстин. Ларс Кристијансен со македонски шал - тоа не се гледа секој ден и е одлика на големите спортисти и големите луѓе.

Share