hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Данска силно почна и заврши за заслужена победа

MKD - DEN Borko 560

Европско првентво - А група (1 коло)

Данска - Македонија 29:21 (12:8)

На мечот Данска - Македонија му претходеше мал церемонијал на свечено отворање на осмото европско првенство во новиот милениум. Преку 14.000 гледачи, голем дел од нив данци, го направија спектаклот величенствен. Домаќинот започна мотивирано, два пати се одбрани, а Могенсен со помош на блокот и Линдберг, по 3 минути донесоа 2:0 за Данска.

Нашите напади станаа предвидливи и конфузни, 7 минути не постигнавме гол, а се разбрани и Ландин. Кога Хансен постигна гол, кога Данска имаше играч помалку, при 4:0 Ивица Обрван побара тајм-аут. Првенецот за Македонија на истекот од деветтата минута го постигна капитенот Лазаров од седмерец (5:1). Во 12 минута Ристовски ја имаше првата интервенција, па фрли одлична контра за ефектен гол на Дејан Манасков (7:2). Нашиот тим веќе собра 5 технички грешки, а и Стоилов беше исклучен во 13 минута при голот на Тофт Хансен (7:2). Во средишницата на полувремето Ландин влезе во серија, а Линдберг низ транзиција погоди за 9:2.

На почетокот на 18 минута, Борко Ристовски му одбрани седмерец на Линдберг, а Лазаров убаво го најде на линијата Стоилов за 9:4. Во наредниот напад, Мадс Менсах Ларсен беше исклучен, а Никола Стојчевски и Лазаров од седум метри не доближија до 9:6 во 21 минута. Во 24 минута Ристовски му го одбрани и вториот седмерец на Линдберг, Но и Ландин го „прочита„ Лазаров од крилна позиција. Едноминутната бркотница заврши со гол на капитенот, откако Ристовски му одбрани зицер на Нодесбо. При 11:8 на 2:10 до крајот на првиот дел, Вилбек побара тајм-аут да го реорганизира брзоплетиот напад на својата репрезентација. Нашиот пасивен напад за -2, го казни Каспер Мортенсен со неговиот втор гол за 12:8. Со тие +4 како плод на првите 7 минути, во кои Македонија имаше блек-аут, се отиде на одмор.

Вториот дел започна со гол на Мадс Кристијансен од позиција на десен бек за +5 за европскиот првак. Возврати Ангеловски со ефектен гол низ одбраната на данците и првенец на Георгиевски од крилна позиција за 13:10. Нашата одбрана конечно заличе на тимот кој требаше така да влезе и изгледа на почетокот од мечот. Данците правеа неизнудени грешки, шутираа по блокот, но имаа комотни 3,4,5 гола од првиот дел. Во 36 минута кога имавме напад да спуштиме на само два разлика, данците возвратија со два лесни гола на Свен, па на Тофт Хансен за 15:10. Никола Стојчевски од чекор го постигна својот втор гол, а по серијата на грешки, македонската клупа побара минута одмор во 39 минута при 16:11. Само што влезе во игра Пецаковски на својот 28 роденден, погоди за -4, а минута подоцна Борко Ристовски го одбрани и третиот упатен седмеред кон него, овој пат од Бо Спелерберг.

Но во наредните три минути, нашата дистанца за ловење од 4 порасна на 7 гола. Ларсен, Сондергард и Мортенсен ја донесоа Данска до 19:12 во 45 минута. Кога Ландин му одбрани „зицер„ на Манасков, 14.000 луѓе во Хернинг со овации го поздравија одличниот голман на Рајан Ловен Некер. Кога Михаел Кнудсен погоди за 23:16, тој беше 11 стрелец во домашната репрезентација. Секој обид нашата репрезентација да фати приклучок го сопираше Ландин, кој во 52 минута со одбраната на шутот на Манасков стигна до 17 интервенција. Кирил Лазаров со седмиот гол во 53 минута намали на 23:17, но веќе беше предоцна да се стигне данското континуирано водство. Ојлески и Миркуловски ублажија на 24:19 во 55 минута, но домашната публика веќе почна да ја слави победата. Каспер Мортенсен со петтиот гол ја врати дистанцата на +6, а Свеn Хансен од контранапад зголеми на недостижни 26:19. До крајот на средбата, нашиот противник само ја направи својата победа поубедлива. Кнудсен и Могенсен предноста ја донесоа до +9, а пивотменот ветерен со гол со звук на сирената ги постави финалните 29:21. Очекувани први бодови за Данска, која сега заедно со Австрија е на врвот на табелата во оваа А група. Македонија својот втор меч го игра во вторник во првиот попладневен термин со Чешка.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share