hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Австрија се „пошегува„ со Јиха и другарите

avsceska

Eвропско првенство (А група) - 1 коло

Австрија - Чешка 30:20 (14:9)

Ако за многумина е изненадување, по развојот на настаните победата на Австрија над Чешка е реален одраз на случувањата на паркетот во Хернинг. Дури и убедливите +10 кажуваат дека Австрија во оваа конкуренција не е тотален аутсајдер, како што кажуваа квотите на букмејкерите.

Мечот почна со израмнета игра, при што двете селекции во првите десетина минути се менуваа во водство. Чешка прва поведе со два гола (5:3), користејќи ја предноста од двајца ракометари повеќе, но Австријците одговорија на вистински начин по комплетирањето, најпрвин израмнувајќи, а потоа и стигнувајќи до предност. Ваквиот развој на настаните им даде самодоверба на австриските ракометари, кои го контролираа резултатот, поведоа со 6:9, а потоа до крајот на полувреме успеаја да зголемат и на 9:14. Чешка го почна вториот дел со ракометар повеќе, но голманот Мариновиќ со неколку добри интервенции ги откажа чешките репрезентативци. Австрија знаеше како да го искористи тоа и во 35. минута влезе со предност од 10:17. Чесите беа шокирани од ваквиот развој на настаните, не успеаја ниту да се приближат резултатски, па на крајот го загубија мечот со убедливи 30:20.

Share