hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Миркуловски: „Ги преценивме данските звезди„

mirkulovski stoilov

Филип Миркуловски по завршувањето на мечот јасно кажа дека начинот на кој Македонија влезе во мечот, ја чинеше пораз. Дека противникот е квалитетен не ни треба да се коментира, но се чини ние го „положивме оружјето„ без многу борба:

„Влеговме во натпреварот нешто послабо, можеби ги преценивме Ландин и останатите ракометари, но тоа дефинитивно се одрази врз резултатот. Во меѓувреме се консолидиравме, но сепак немавме сили за целосно враќање. Факт е дека не бевме на посакуваното ниво. Јас лично за мене можам да кажам дека не одиграв онака како што знам и умеам, и се надевам дека веќе на следниот меч ќе се покажам во препознатливо светло" рече Филип Миркуловски.

Share