hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Исланд и Шпанија до победи без мака

balonmano

Б група

На стартот на групата во Алборг репрезентацијата на Исланд ја совлада Норвешка со 31:26 во првиот меч на шампионатот. „Рибарите„ водеа во текот на целиот меч и исходот можеше да се насети. Актуелниот светски првак Шпанија со убедлива победа од 34:27 го отвори настапот на ЕП во Данска и со тоа потврди дека е еден од најголемите фаворити за златниот медал.

Шпанците спроти првенството останаа без првиот голман Арпад Штербик, талентираниот Алекс Душебаев, а за првиот круг поради повреда не го пријавија и најдобриот пивотмен во светот Хулен Агинагалде. Сепак шпанската одбрана беше непремостив бедем за Унгарците кои во Данска играат без најдобриот ракометар Ласло Наѓ. Најдобар на теренот беше Алберто Рокас со 5 погодоци додека кај поразената екипа Иванчик постигна 6.

Share