hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Лазаров: „Данска можеше да не победи и да бевме вистински„

kire-lazarov-so-topka-615x400

Еден ден по натпреварот со Данска и поразот од големиот фаворит, капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров јасно знае дека не бевме прави во првиот меч, но нашиот турнир вистински започнува во вторник со мечот со Чешка:

„Мислам дека конечниот резултат е превисок и дека реално беше да загубиме со 3-4 гола разлика, но сакале ние да признаеме или не Данска има поквалитетен тим и да бевме оние вистинските можеби повторно ќе не победеше. Чешка ни лежи повеќе заради стилот на игра. Можеби не очекував толку убедливо да загубат од Австрија, но поразот од Австрија го очекував„ рече нашиот капитен на денешниот брифинг со новинарите. Со оглед на тоа што со Данска немаме ниту една победа во официјален меч, сега и традицијата не е така црна што се однесува до нашиот нареден противник - Чешка. Од Ниш и нашата победа за пласман во втората фаза, не сме играле со Јиха и другарите и потсеќањето на последниот меѓусебен меч ни буди пријатни спомени. Нека биде така и во вторник во Хернинг.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share