hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Ристовски: „Со Чешка го имаме најтешкиот меч на ова ЕУРО„

trening pred HUN Borko i Obrvan

По подолго време на еден натпревар двата голмани го заслужија епитетот играч на натпреварот. И Ландин и Ристовски имаа двоцифрен број на интервенции и двата сите 60 минути останаа на паркетот. Нашиот чувар на мрежата од 12 минута се до крајот на мечот бранеше одлично и дури успеа да одбрани и три седмерци. Сега Борко размислува само за нашиот нареден противник:

„Чешка е доста квалитетна репрезентација, без разлика што убедливо загуби од Австрија. Го имаат Филип Јиха, кој е еден од најдобрите ракометари во светот. Голем дел од нивните ракометари играат во Бундеслигата, каде секој натпревар сам по себе е големо искуство, има своја цврстина. Убеден сум дека мечот со Чешка за нас е најтешкиот на европското првенство„ рече чуварот на нашата мрежа и на германскиот Гумерсбах.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share