hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Димовски: „Имавме почетнички грешки, но нашето финале е Чешка„

yA1aI2N7n-QQ5Odp0kQIzhPDdrjTzTL178w115XP-LY

Кружниот напаѓач на нашата репрезентација Ванчо Димовски, како и синоќа така и денес го потврди ставот дека „не ја продадовме скапо нашата кожа„ против европскиот првак, но тоа не е крај на светот. Како и цела нација што размислува така и пивотменот на Металург, знае дека утре со Чешка е нашето прво финале на европското првенство:

„Жалиме бидејќи не бевме на нашето ниво, па да видиме како ќе реагираше Данска во таква ситуација. Со нашите почетнички грешки и шутеви, кои не се соодветни за нас, им ја олеснивме работата. Мечот во вторник значи остварување на целта. Прогнозите се дека Данска ќе ги добие сите натпревари, па ако го добиеме утрешниот натпревар ние сме во следниот круг. Но од амбиции никогаш доста, но мора да се фокусираме на утрешниот натпревар, па потоа ќе видиме„ рече Димовски убеден дека оваа репрезентација пред себе има иднина и перспектива и на овој шампионат.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share