hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Дуелот на Атман и Станиќ за русинот

atman 1

Русија и се реваншира на Србија за поразот во московското предградие во прептпоследниот меч од квалификациите за пласман на европското првенство (27:25). Во меч во кој главна звезда беше голманот Вадим Богданов со 17 интервенции, дури 4-5 ракометари од македонското првенство учествуваа во овој дуел. Павел Атман со 5 гола и 5 асистенции беше главна играчка „виолина„ на зборнаја.

А мечот не наговестуваше таков тек. Србија одлично отвори, играше подобро во одбраната, Никчевиќ и Продановиќ со лесни голови донесоа 7:4. Но по тајм-аутот на Кулешов, русите се созедоа. Евдокимов беше изненадувањето, а Атман полека фаќаше ритам. До полувремето Русија израмни (14:14). Клучно за конечниот скор, беше отворањето на второто полувреме. Тука Атман и крилото Коваљев ја направиоја разликата и со серија 4:0, Русија побегна. Од 34 минута до крајот, Србија не успеа да се врати во мечот, ниту да израмни, ниту да поведе. Бројот на технички грешки порасна, стручниот штаб на Србија направи две погрешни замени (две казни од по 2 минути) и со тоа му ја олесни работата на рускиот тим. Во победничката репрезентација Евдокимов постигна 5, а Атман, Коваљев, Скопинцев и Хорбок додадоа уште по 4. И без Дибиров и Растворцев, селекцијата на Кулешов се наоѓа на чекор до втората фаза.

Во српскиот табор потфрли Дарко Станиќ, само Вујин (6 гола) и Ненадиќ (5 гола) погодуваа од надвор, а затаија и головите од линијата. Во групата во Копенхаген, Хрватска на рутина го доби мечот со Црна Гора во на моменти груб натпревар. Само Шеваљевиќ кој беше автор на 9 гола не можеше само против еден силен и озбилен тим како Хрватска на Голужа. Коцкестите имаа десет стрелци, Алиловиќ беше одличен, Чупиќ се наметна со 6 гола, Бичаниќ постигна 5, а Домагој Дувњак беше автор на 4 гола. Победата од 27:22 е јасна порака дека Хрватска пак има тим за големи дострели.

Share