hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ФОТО: Лавров, Гисласон, Анкетил во Архус...

a2

Квалитетот и историјата на репрезентациите во Ц групата во Архус, нуди атрактивен ракомет и познати лица на трибините, во ВИП ложата, на коментаторските места. Така по подолго време Андреј Лавров беше во фокусот, бодрејќи ја својата Русија на неизвесниот меч со Србија.

Тој беше меѓу малкубројните руски навивачи во „Енерџи Парк Арената„ Како вљубеник во играта и исланѓанецот Гисласон, кој со години го води германскиот гигант Кил се појави на трибините и ни кажа дека дојде да гледа квалитетен ракомет, без за никого да навива.

a1

Но со посебно внимание го следеше Вујин, кој игра за „зебрите„ кои тој ги предводи. Француската легенда уште од мундијалите на Исланд и во Париз, Грегори Анкетил веќе со години е стручен коментатор на францускиот Канал плус, за кој на сите големи приредби е прв стручен глас.

a3

Скоро и да има повеќе големи ракометни смотри како стручен коментатор одколку како врвен ракометар.

Share