hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров прв стрелец на ЕУРО по две одиграни гола

kiril lazarov-620x350

Комплетирани се по два натпревари за секоја од 16 репрезентации на европското првенство. Најдобар стрелец по првите две кола е капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров со 19 гола (7 со Данска и 12 со Чешка). Тој упатил 38 удари кон противничкиот гол и има точно половичен учинок. Лазаров во првите 120 минути на македонската репрезентација вгради и 5 асистенции и имаше немерливи заслуги во споменатите мечеви. Дури четири ракометари на Барселона се наоѓаат меѓу првите седум стрелци на турнирот.

Листа на стрелци:

1. Кирил Лазаров (Македонија) - 19 гола
2. Никола Карабатиќ (Франција) - 14 гола
3. Васко Шеваљевиќ (Црна Гора) - 14 гола
4. Гудјор Валур Сигурдсон (Исланд) - 14 гола
5. Микел Хансен (Данска) - 13 гола
6. Павел Хорак (Чешка) - 13 гола
7. Сергеј Рутенка (Белорусија) - 13 гола
8. Виктор Томас (Шпанија) - 13 гола

Share