hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Станиќ: „Австрија е многу сериозна репрезентација„

darko stanic

Мечот помеѓу Русија и Србија синоќа беше меч со најмногу актери во македонската ВИП Супер лига, а да не настапува македонската репрезентација. Многу дуели на клубските другари од Вардар и Металург провејуваа во мечот. Дарко Станиќ по мечот опомена дека Австрија може да биде „мина„ за нашиот национален тим, како што беше за Србија во квалификациите кога ја совлада во Виена и претходно ремизираше во Ниш:

„Поради големите обврски не сум во можност директно да контактирам со своите соиграчи, но ги следев и двете средби на Македонија во групата. Сега ќе играте против Австрија и слободно можам да кажам дека тоа не е воопшто наивен противник, како што мислам многумина. Треба да внимавате, говориме за опасна репрезентација која може да слави преубедливо против секого ако влезе во својот ритам. Говориме за сериозна селекција, но верувам дека ако Македонија одигра одбрана онака како што знае и умее, ако ги неутрализирате нивните бекови, тогаш сте на добар пат да стигнете до победата" рече Станиќ за ЕКИПА по поразот на неговата Србија од Русија во Архус.

Share