hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Манасков: „Морам и ќе бидам уште подобар на овој турнир„

manaskov2

По тешката повреда и скинатите лигаметни минатата година „бисерот„ на македонскиот ракомет Дејан Манасков е самокритичен за своите настапи и верува дека најдоброто од него на турнирот допрва доаѓа. Исто така смета дека калкулациите не можат да му донесат ништо добро на нашиот тим:

„Можеби и со пораз би оделе понатаму, но ние воопшто не размислуваме за тоа, решени сме да одиграме најдобро што знаеме и да победиме. Против Данска имавме доста падови, што меѓу другото се должеше и на заморот, но самиот факт дека во поголемиот дел од мечот им париравме ни ја даде потребната самодоверба пред мечот со Чешка. Со Чесите одигравме доста добро, можевме и да победиме, но сепак стигнавме до добар резултат. Се доведовме во ситуација мечот со Австрија да решава, како што се очекуваше и пред почетокот на шампионатот, се чувствуваме подготвени за предизвикот за да славиме и да пренесеме два бода во следната фазa. Да бидам искрен, не сум задоволен од својот настап на првите средби. Направив неколку наивни грешки, особено на дуелот против Чешка, со оној нереализиран зицер во првото полувреме и пробивањето што ми беше досудено во финишот од мечот. Знам дека можам многу подобро и ќе дадам се од себе за веќе против Австрија да одиграм онака како што знам и умеам и да имам позначаен придонес во нашата игра" рече на неколку часа до средбата Дејан Манасков.

Share