hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Австријците сметаат дека Лазаров е уморен

mkd-101710

Нашиот денешен противник посакува реванш и знае од каде доаѓа најголемата опасност. Сепак австријците мислат дека нашиот капитен Кирил Лазаров е уморен и не може да ја повтори симултанката против Чешка

„Лазаров нормално е важен играч за Македонија. Од него почнува сè, проигрува, асистира, има голем одраз, но ја нема силата на Микел Хансен. Данецот ни создаде големи проблеми. На Лазаров утре ќе падне голем притисок" вели чуварот на мрежата на Австрија Мариновиќ. Слично размислува и исланѓанецот кој ја води Австрија, Патрекур Јоханесон „Се оди преку Лазаров. Тој е светска класа, но не е Хансен. Го нема истото темпо и истата сила како Микел. Патем, уморен е. Ние треба само да бидеме трпеливи" вели Јоханесон.

Share