hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Ристовски: „Беше исцрпувачко, ова веќе е голем успех„

borko

Кога најмногу требаше и сите го прозиваа, Борко Ристовски одговори на предизвикот и одигра легендарни 60 минути против Австрија, без кои сигурно немаше ни да помислиме на победа, а камо ли да ја издвојуваме. Логично по мечот сите погледи беа свртени кон него, неговата подготовка за мечот, мотивацијата и деталното скаутирање на секој од австриските ракометари:

„Одигравме квалитетен натпревар против селекција која бараше исто така можност за пласман понатаму и победа. Но, на крајот ние бевме подобрите, посреќните, поквалитетнитe. Не сакавме да оставиме да чекаме што ќе се случи на дуелот меѓу Данска и Чешка затоа одевме на триумф. Во секој случај многу исцрпувачки натпревар, пред се на психолошки план. Мислам дека ова е најдобриот старт на еден голем настан за нашата селекција. Со една победа во следниот круг мислам дека ќе бидеме меѓу најдобрите осум на ЕП во Данска што би било голем успех" рече Борко Ристовски, по втор пат од три мечеви во нашиот табор со епитетот - играч на натпреварот.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share