hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Ангеловски: „И во собите го подготвувавме овој меч„

brance

Ракометарот со најмногу настапи од учесниците на европското првенство и пред мечот беше непоправлив оптимист дека сме подобар противник од Австрија и покрај нивниот напредок и нашите изостаноци, остана на својот став и по мечот. Тој и кога противникот го сврте резултатот не губеше надеж и пресвртот пристигна:

„Мислам дека добро го подготвивме мечот. Дури и надвор од скаутирањето на противникот од страна на стручниот штаб, ние ракометарите инвидуално ги разработувавме и најмалите детали за тоа како игра противникот во двата правци. Мора да му се заблагодариме на Борко, кој на овој меч беше фантастичен и да не беше сигурно дека немаше сега да славиме и на капитенот кој во последните минути од мечот постигна три одлучувачки гола, кои не одведоа во втората фаза. Мора да потенцирам дека без неколку повредени ракометари оваа генерација повторно се издигна и покажа што знае„ заврши Ангеловски, кој дополнително влета на ова првенство, но борбено во двете фази покажува што му значи дресот со државниот грб.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share