hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Вилбек: „Мојсоски ви недостига, Чешка потрфли со Австрија„

ulrik-vilbek-615x400

Еден од најценетите тренери во светот на ракометот Улрик Вилбек веднаш по завршувањето на првата групна фаза на европското првенство ја анализираше нашата група во Хернинг и крајниот исход. Тој добро знае дека со исклучок на неговата репрезентација сите останати беа многу слични по квалитет:

„По прикажаното против Македонија и против нас, лесно можеше и Чешка да се квалификува во наредниот круг, но тие потфрлија на мечот со Австрија. Македонија се покажа како цврста и покрај проблемите. Мојсоски е многу значаен играч за нив и многу им недостига. Сега со вклучувањето на Прибак очекувам да бидат уште посилни. Овој пат ве победивме нешто полесно, но факт е дека игравме дома, а сите претходни наши средби беа многу неизвесни и драматични„ ни рече Вилбек по првата остварена цел на данската репрезентација. Нема дилеми дека големиот стручњак е запознат и со најмалиот детал за секој од противниците и потенцијалните противници. Впрочем затоа е толку успешен и ценет во светот на ракометот.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share