hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

За Србија и Црна Гора првенството заврши

karabatic 6

Последните два натпревари од групната фаза беа кобни за двете репрезентации кои ни беа спаринг партнери пред самото европско првенство. Откако Полска минимално ја совлада Русија, Србија на Матиќ и Периќ беше принудена да ја победи Франција за да остане на турнурот од групата на смртта во Архус. Но психолошката бариера очигледно беше преголема.

Србите толку лошо го почнаа мечот што потоа не се созедоа во ниту еден момент. При 6:2 со Жером Фернандез и Сорондо во главна улога, српската клупа побара тај-аут. Но подоцна Думулин се разбрани, Жоли со серија на разновидно изведени седмерци го „уби„ моралот на Станиќ и на полувреме Франција имаше високи 17:12. Секој обид на Момир Илиќ и другарите да се вратат во натпреварот, дојде до -4 и потоа Абало и Карабатиќ ќе ги вратеа работите на свое. Ако не беа завршните лесни голови на Момир Рниќ, поразот на Србија ќе беше и многу поубедлив од постоечките 31:28.

Кај момците на Клод Онеста 10 гола постигна Жоли, 6 за играчот на натпреварот Сорондо, а 5 за бившиот соиграч на Лазаров, Лук Абало. Кај србите, Рниќ, Никчевиќ и Ненадиќ постигнаа по 5 гола, но сребрените од пред две години се враќаат дома со пласман од 12 до 16 место. Црна Гора на Зоран Кастратовиќ го загуби и третиот натпревар, практично единствениот во кој имаше некаква теоретска надеж за пласман во втората фаза. Но Белорусија се покажа како селекција со подолга клупа и со еден екстра класа играч, Сергеј Рутенка. Белорусите водеа со 2-3 гола во текот на целиот прв дел, во кој имаше вкупно 8 израмнувања. Но Брука и Пуковски беа најзаслужни за серијата на 4:0 во централната фаза на вториот дел и бело-црвените побегнаа на 19:16. До крајот Сергеј Рутенка само ги дотолчи црногорците за финални 29:23. Во победничката репрезентација Брука постигна 8, а С. Рутенка 7 гола. Кај Црна Гора, Симовиќ беше единствена светла точка со 8 гола, а потфрли Шеваљевиќ кој играше малку и постигна само 2 гола. Како и на мундијалот во Шпанија, Црна Гора не успева да ја мине првата групна фаза.

2 четвртфинална група

1. Хрватска 4
2. Франција 4
3. Шведска 2
4. Полска 2
5. Русија 0
6. Белорусија 0

Share