hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Ристовски: „Зошто да не падне уште една црна традиција„?

makedonija-prv-trening-6

Сигурно со засилен морал по одлични две партии во првата групна фаза и два часовници како играч на натпреварот, Борко Ристовски има нескриен „апетит„ за уште некоја победа до крајот на турнирот. Не го плашат ниту лошите бројки на статистиката, кои велат дека со Унгарија секогаш сме имале проблеми и никогаш не сме ја елиминарале во двомеч или победиле на големите приредби:

„Задоволни сме од остварениот успех и пласманот во следната фаза, но ние не би биле спортисти кога би се задржале само на тој резултат и не би се обиделе да направиме уште некој чекор напред. Нема премногу време за опуштање, пред нас се нови предизвици во кои одново ќе го дадеме максимумот. Унгарија е противник со кој имавме проблеми во последно време, свесни сме дека традицијата е целосно во полза на противникот, но традициите постојат за да бидат урнати. Ако играме онака како што знаеме, ако го дадеме максимумот и во нападот и во одбраната, не гледам зошто не би славеле на утрешниот меч" изјави на неколку часа пред мечот Борко Ристовски.

Share