hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Раул Ентрериос: „Пречесто играме со Македонија„

raul entrerios 2

Откако вчера изутрина пристигнаа од Алборг во Хернинг, светските прваци шпанците во главата ја имаат подготовката за мечот со Данска вечерва. Но ако со домаќинот на првенството можат да се сретнат и во хипотетичко финале, за „црвената фурија„ мечевите со Австрија и Македонија се „виза„ за влез во четворката која ќе се бори за медали. Ракометарот на Барселона Раул Ентрериос беше задоволен од одиграното до сега и потврди дека со македонскиот ракомет има контакти многу често во последно време:

„Игравме многу добро во Алборг. Најважно е што ги добивме мечевите и пренесовме бодови. Точно е дека со Македонија играме многу често во последно време. По двата меча во квалификациите, сега пак се среќаваме. Плус во клупскиот ракомет често играме со екипите од Скопје. Одлично се познаваме и го респектираме Лазаров и вашиот состав„ ни рече еден од соиграчите на нашиот капитен во дресот на шпанскиот првак Барселона. Шпанија е наш последен противник во оваа втора групна фаза и со неа ќе играме в среда од 16 часот.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share