hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Исланд се „пошегува„ со Австрија за лесна победа

valur-sigurdsson-514

Како да играа реприза од мечот Унгарија - Македонија, исланѓаните беа во ролјата на унгарците, а австријците ја глумеа нашата репрезентација. Пак мечот почна со очигледна физичка доминација на една од репрезентациите. Исланѓаните делуваа многу цврсто, Гудмонсон влезе во ритам и по 6:2 и 9:3, мечот доби посакувана смерница за репрезентацијата на Исланд.

Кога на Гудмонсон му се придодаде кружниот напаѓач Гунарсон и крилото Атласон, на австријците лошо им се пишуваше. Комплетното прво полувреме на репрезентацијата на Исланд го заокружија Сигурдсон со реализираните седмерци и Палмарсон со инвидуални мајстории. Се на се застрашувачки Исланд и немоќна Австрија во првите 30 минути за 17:9 за фаворитот.

Share