hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Лазаров: „Ракометна лекција, бидејќи немавме план Б„

kire borko

Како и сите наши репрезентативци и капитенот Кирил Лазаров неколку часа по натпреварот мораше да ја признае и честита победата на Унгарија, но и како и секогаш нашиот капитен се обиде да ги пронајде причините заради кои се дојде до поразот:

„Сум играл со многу унгарски репрезентации и можам да кажам дека оваа е најслабата која не победила. Но тоа го направи на одличен начин. Ни одржа ракометна лекција, а ние како да не бевме спремни како да реагираме ако противникот се одлепи. Со ракометен жаргон немавме план Б. Наеднаш менувавме по тројца ракометари во одбрана, а до тој момент менувавме само еден. Видовме како Исланд убедливо ја совлада Австрија и тоа треба дополнително да го вреднува тоа што го направивме во првата фаза. Треба да се одмориме и да се насочиме кон Исланд и да се претставиме во поинакво издание„ рече Лазаров веднаш по вечерата на националниот тим. Со 31 гол ракометарот на Барселона е најдобар стрелец во нашата репрезентација и до овој момент и на целиот шампионат.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share