hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: „Наумче е победник и ќе го победи и ова„

6FD117ADA5847943BA725B569C260585

Во краткиот телефонски разговор за „Утрински весник„ капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров видно шокиран зборуваше за тешката повреда на Наумче Мојсоски и веднаш му понудил да се оперира во Барселона „Го гледав натпреварот и цела ноќ не можев да заспијам. На најголемиот непријател не би му го посакал тоа што му се случи на Наумче.

Колку е важен тој за Македонија, за македонскиот спорт и за националната селекција излишно е да се трошат зборови. Со него сме играле заедно во црвено-жолтиот дрес 15-16 години во кадетската, во јуниорската и во сениорската репрезентација и не можам да опишам колку ми е жал. Му посакувам побрзо заздравување. Нема да му биде лесно, бидејќи ова му е првата тешка повреда во кариерата. Но, тој е цврст карактер, победник и ќе го победи и ова. Со нетрпение ќе го очекуваме во националниот тим и ќе играме за него на Европското првенство во Данска" порача од Барселона, Кирил Лазаров.

Share